Путин: Направен е голем напредок за враќање на суверенитетот на Сирија

Фото: EPA-EFE

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека е постигнат голем напредок кон повторно воспоставување на сириската државност и територијалниот интегритет.

Рускиот претседател Владимир Путин рече во разговорот со сирискиот колега Башар ал-Асад во Дамаск дека сега со сигурност може да се каже дека е постигнат голем напредок за повторно воспоставување на сириската државност и територијален интегритет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесоа медиумите.

Според неговите зборови, Путин подвлекол оти „со голо око“ може да се забележи како мирниот живот се враќа на улиците во Дамаск.

Песков пренесе дека Асад на рускиот колега му изразил благодарност за својата воена помош во борбата против тероризмот и враќањето на мирот во Сирија.

– Асад му упати топли честитки на Путин и на целиот руски народ за Божиќ – рече Песков и додаде дека Путин за време на посетата на Сирија ќе има уште неколку средби.

Наведе дека Асад го дочекал рускиот лидер во штабот на руските сили во Сирија, каде двајцата лидери слушнале и извештаи за развојот на ситуацијата во разни делови на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот