Путин наложи масовна вакцинација од следната недела: Руската вакцина е најдобра во светот

Фото: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска наложи масовна вакцинација на населението против Ковид-19, истакнувајќи оти руската вакцина е „најдобра” во светот.

– Ве молам од следната недела да почнете масовна вакцинација на целокупното население и да направите соодветен распоред на работа, како што правиме и со другите болести, на пример со грипот, посочи Путин.

Тој истакна дека „руската вакцина е најдобра во светот”.

Путин посочи и дека е надминат обемот на производство на вакцината Спутник V и оти треба да се премине на масовна вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот