Путин на виртуелен Самит на БРИКС: Борбата против ковид-19 мора да биде над политиката

Фото: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Борбата против коронавирусот треба да биде над политиката, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на самитот на БРИКС, организација во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

– Како што знаеме и умееме треба да ги деполитизираме прашањата поврзани со борбата против пандемијата, рече Путин на форумот, со што се согласи бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Агенцијата ТАСС пренесува дека Путин пред колегите кажал оти Русија со други земји од БРИКС ќе работи на реформа на глобалните светски организации.

– Мислам дека овде треба појасно да ја кажеме нашата позиција. Од витално значење е да се постигне консензус во рамките на нашата организација. Уверен сум дека нашата работа ќе биде позитивна и дека улогата на Бразил, Индија и Јужна Африка ќе се зголеми, заклучи Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот