Путин му даде рок на Шојгу: Украинската контраофанзива мора да биде запрена најдоцна до овој датум

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, му дал на министерot за одбрана Шојгу рок до почетокот на следниот месец да ја запре украинската контраофанзива, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).

Руска војска во Луганск/Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Повикувајќи се на инсајдерски канал на Телеграм , Kremlin Secrets, ISW известува дека Путин, наводно, му дал на Сергеј Шојгу до почетокот на октомври „да ја подобри ситуацијата на фронтовите, да ја запре украинската контраофанзива и руските сили да ја вратат иницијативата за офанзивна операција. однсно совојување на некој од големите градови “, како што се Херсон, Одеса, Харков или Днепар.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Во пораката на каналот Телеграм се наведува дека Шојгу се согласил на сите овие барања и ветил дека ќе ги исполни.

Фото:ЕПА

ISW забележува дека, ако тврдењето на Путин за драматично подобрување на положбата на Русија на фронтот е точно, тоа би можело да објасни зошто руските сили започнуваат почести контранапади, иако тие  плаќаат поголема цена, односно имаат поголеми загуби во  руската војска, пренесува Business Insider’s на Телеграм.

Во јули, поранешен руски генерал го обвини Шојгу за предавство. Генералот, тврдеше дека бил сменет од функцијата откако изразил загриженост за тоа со што се соочуваат руските сили на фронтот во Украина.

руска армија EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешниот генерал Иван Попов во порака на Телеграм рече дека на руската армија се соочува со „недостигот на контранапади, отсуството на артилериски извидувачки станици и голем број на жртви и повредени руски војници од украинската артилерија“.

Руска армија/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Украинската контраофанзива е забавена додека силите на Киев се обидуваат да ја вратат контролата врз територијата на истокот на земјата која е под контрола на руската армија .

Неодамна, украинските сили успеаја да пробијат дел од руската одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот