Путин: Москва е подготвена, го очекувам Трамп на Денот на победата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека го очекува неговиот американски колега Доналд Трамп во Русија, на одбележувањето на Денот на победата на 9 мај 2020 година.

– Москва е подготвена за разговори со САД – изјави Путин за новинарите на самитот БРИКС во Бразил, додавајќи дека моментално нема планови за средба со Трамп.

Путин изјавил и дека не планира да се сретне ниту со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред меѓународниот самит за Украина.

Тој рекол дека има уште многу работа на северозапад во Сирија, во регионот Идлиб, во кој се наоѓаат бунтовниците.

– Русија се надева дека женевскиот мировен процес за Сирија ќе биде успешен – оценил Путин.

Рускиот претседател потврдил  и дека со индискиот премиер Моди, разговарал за испорака на рускиот противракетен систем за одбрана С-400 во таа земја.

Индија минатата година потпиша договор за купување на системот С-400 од Русија, а како причина за тоа е наведено зајакнувањето на одбраната против Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот