Путин ќе ја прими руската вакцина против ковид-19

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против коронавирус „Спутник V”, изјави денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Тој планирал вакцинирањето да го направи пред да замине во официјална посета на Јужна Кореја, каде треба да се сретне со лидерот Мун Џае-ин, додаде Песков, пренесен од Тасс.

-Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега и потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата кога ќе се вакцинира, рече Песков, но Кремљ не открива кога ќе дојде до официјалната посета.

Јужнокорејската агенција Јонхап вчера јави дека двајцата лидери во телефонски разговарале и се согласиле Путин да ја посети оваа азиска земја по стабилизирањето на состојбата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот