Путин изрази сочувство до Пендаровски по трагичната несреќа во Бугарија

Путин/Фото: EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс.

– Примете длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија, се наведува во телеграмата објавена денеска на сајтот на Кремљ.

Агенцијата објави и дека Путин, исто така, го замолил Пендаровски да пренесе зборови на искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите, истовремено посакувајќи поскоро закрепнување на сите повредени патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот