Путин и Трамп заедно ќе бараат дипломатско решение за кризата со Иран

фото:. EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп се согласни дека тензичната состојба поврзана со Иран мора да се реши со политички и дипломатски средства, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по средбата на двајцата лидери на маргините на Самитот на Г-20 што се одржува во Осака.

Лавров нагласи дека на денешната средба, Путин и Трамп разговарале за повеќе меѓународни прашања, меѓу кои и оние поврзани со Сирија и Украина, но посебно внимание посветиле на Иран во контекст на актуелната состојба околу Договорот за иранската нуклеарна програма и случувањата во Оманскиот Залив.

– Состојбата е тешка, но двајцата претседатели потврдија дека сакаат да најдат дипломатско решение за таа состојба – нагласи Лавров.

Тој притоа го повтори рускиот предлог за зајакнување на врските меѓу Иран и арапските земји од реонот на Персискиот Залив со помош на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН и останатите меѓународни и регионални организации.

– Тоа е ветувачко решение и сите почнуваат во него да препознаваат можност за воспоставување дијалог со цел се спречи понатамошна ескалација на тензиите и да се избегне вклучувањето воени сили во натамошниот развој на настаните – додаде Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот