Путин и Нетанјаху разговараа за соработката во борбата против коронавирусот

Путин, исто така, на Нетанјаху му ја честитал претстојната Пасха, големиот еврејски празник.

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изразија одлучност да ја подобрат координацијата во борбата против ширењето на коронавирусот, соопшти прес службата на Кремљ.

„Соговорниците разговараа за одредени актуелни прашања од билатералната соработка” се наведува во соопштението н Кремљ и се додава дека двајцата лидери се одлучни да ја засилат соработката во сузбивањето на ширењето на инфекцијата на коронавирусот, пренесе Тасс.

Путин, исто така, на Нетанјаху му ја честитал претстојната Пасха, големиот еврејски празник.

Телефонскиот разговор бил направен на иницијатива на Нетанјаху и притоа бил постигнат договор за контакти меѓу двете земји на различни нивоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот