Путин и Мишел констатирале на телефон: Односите меѓу ЕУ и Русија на најниско ниво, имаме бројни несогласувања

Шарл Мишел и Владимир Путин, Фото: Архива

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин денеска заклучил дека односите помеѓу ЕУ и Русија се на најниско ниво досега. Во пресрет на самитот на лидери на ЕУ што треба да се одржи на крајот на оваа недела, Мишел и Путин разговарале за односите меѓу ЕУ и Русија и заклучиле дека несогласувањата се бројни.

– Моментно има несогласувања во многу области. Од перспектива на ЕУ односот со Русија може да заземе нов правец, доколку има одржлив напредок во делови како спроведувањето на Договорите од Минск, крај на хибридните и сајбер нападите врз земјите членки и почитување на човековите права, рекол Мишел.

Станало збор и за случајот на Алексеј Навални осуден на затворска казна и кого ЕУ го смета за политички затвореник поради неговиот отпор кон режимот на Путин.

Мишел му порачал на рускиот претседател дека Навални треба да биде ослободен и да се спроведе транспарентна истрага за обидот за убиство врз него. Лидерите разговарале и за вакцините. „Спутник В“ сѐ уште не е одобрена во ЕУ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот