Путин и Меркел ќе се сретнат во Париз во понеделник

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ќе има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, пред самитот за Украина, соопшти портпаролката на германската влада.

Меркел, исто така, планира на самитот да има состанок одделно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Домаќин на Самитот за Украина е францускиот претседател Емануел Макрон.

Тоа ќе биде прва таква средба на тоа ниво, во „нормандиски формат”, во изминатите три години, со цел да се започнат мировните преговори.

Во меѓувреме, меѓу Берлин и Москва има се поголем дипломатски судир поради убиството на грузиски активист, за кое, наводно, стои руската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот