Путин и Ердоган заеднички ќе ги решаваат кризите во Сирија и Либија

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган / Фото: Архива

Лидерите на Русија и Турција, Ердоган и Путин, денеска имале телефонски разговор со цел изнаоѓање на решение за кризите во Либија и Сирија, информираат руските медиуми.

„Двете страни изразија загриженост поради ситуацијата во Либија и нагласија неопходност од воспоставување на примирје и продолжување на преговарачкиот процес“,  се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Се додава и дека била истакната важноста за постигнување на договор за Сирија, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Во соопштението се вели дека разговорот го иницирала турската страна и било договорено контактот да биде продолжен на различни нивоа.

Ердоган му изразил сочуство на Путин по трагичната смерт на 14-те морнари во руската истражувачка подморница, кои денеска беа погребани на Серафимовските гробишта во Санкт Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот