Путин и Ердоган повикаа прекин на огнот во Либија

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

„Претседателите Ердоган и Путин повикаа за прекин на огнот во Либија што треба да стапи на сила на полноќ на 12 јануари“, изјави турскиот шеф на дипломатијата.

Претседателите на Русија и на Турција повикаа за прекин на огнот во Либија од 12 јануари на полноќ. Тоа го изјави денеска на брифинг турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средба во рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Претседателите Ердоган и Путин повикаа за прекин на огнот во Либија што треба да стапи на сила на полноќ на 12 јануари, изјави турскиот шеф на дипломатијата.

– Во разговорите на проширената средба меѓу двете делегации Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин разговараа и за билатерални прашања и регионални теми. Беа разменети мислења за прекин на огнот во Идлиб за тензиите меѓу Иран и САД, за состојбата во Либија и во Ирак, нагласи Чавушоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот