Путин и Ердоган на почетокот на март ќе се состанат за состојбата во Сирија

Фото: МИА

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, ќе се состанат на 5 или 6 март, најави денес шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Тој за новинарите во Анкара рече дека прашањето на кризата во сириската провинија Идлиб може да се речи исклучиво на состанок на двајцата преседатели.

– Работиме на тоа. Состанокот ќе се одржи на почетокот на март, или 5 или 6 март – рече Чавушоглу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека Путин и Ердоган разговарале на телефон за можноста да се состанат.

– Моментално се работи на состанок меѓу претседателот Путин и претседателот Ердоган во Москва на 5 или 6 март – додаде Песков.

Како што пренесува „Тасс“, лидерите на двете земји вчера разговарале телефонски, фокусирајќи се на прашањето за итно воспоставување на дополнителни мерки за нормализирање на ситуацијата во северозападна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот