Путин го разреши директорот на затворската служба поради скандалот со измачување на осуденици

Владимир Путин/Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за разрешување на директорот на Федералната служба за спроведување на затворските санкции Александар Калашњиков, соопшти прес-службата на Кремљ.

Со друг декрет е назначен Аркадиј Гостев, кој досега беше заменик министер за внатрешни работи.

Калашњиков е разрешен само неколку недели откако протекоа видеа на кои се гледа дека затвореници биле подложени на тортура и сексуални напади.

Кремљ не ја наведе причината за разрешувањето на Калашњиков, но, неговата служба покрена кривична истрага за инцидентите во затворот во регионот Саратов минатиот месец. Властите реагираа откако група која се залага за правата на затворениците на Гулагу.нет почна да објавува видео-снимки за кои тие тврдат дека се доказ за „оркестриран садизам” во затворот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот