Путин го потпиша новиот закон со драстични казни за тие што одбиваат да се борат во Украина

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEXEY MAISHEV

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша новиот закон, кој предвидува затрворска казна до десет години за граѓаните што ќе одбијат да се борат, ќе дезертираат, нема да почитуваат наредби или ќе им се предадат на украинските сили.

Законот претходно беше одобрен од двата дома на рускиот Парламент. Според стариот закон, за војниците-дезертери беше предвидена максимална казна од пет години казна затвор.

По објавената мобилизација, голем број Руси ја напуштија земјата, а во десетици градови беа организирани протести, на кои беа уапсени над 1.600 луѓе.

Според активистите за граѓански права, денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.

Според фотографии и видеа објавени од независни медиуми, демонстранти се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир., каде според медиумите, се случува главнината од „делумната мобилизација“ што ја нареди Путин изминатата недела. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо”.

За денеска се планирани протести и во најголемите руски градови, Москва и Санкт Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот