Путин го одобри предлог-буџетот, одвои рекордна сума за одбранбениот сектор

Рускиот претседател Владимир Путин/EPA-EFE

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предложениот буџет со кој идната година ќе се зголемат воените трошоци на рекордно ниво.

За одбранбениот сектор во 2025 година ќе бидат издвоени 13,5 трилиони рубљи (повеќе од 145 милијарди долари), или околу 32,5 отсто од буџетот, објавено е денеска на веб-страницата на Владата.

Тоа е значително зголемување од овогодинешните 28,3 отсто од воениот буџет.

Пратениците на двата дома на рускиот парламент веќе го одобрија предлогот во изминатите 10 дена.

Војната на Русија против Украина, која започна во февруари 2022 година, е најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна и ги исцрпи ресурсите на двете страни.

Киев добива милијарди долари помош од своите западни сојузници, но руските сили се поголеми и подобро опремени, а во последните месеци руската војска постепено ги турка назад украинските сили во источните области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот