Путин го одложи уставниот референдум поради епидемијата на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе „ДПА“.

Референдумот за сериозните измени на рускиот Устав, меѓу кои и за зголемувањето на овластувањата на парламентот, во кој доминираат политичари кои му се лојални на Путин, беше закажан за 22 април.

ДПА пренесува дека Путин во говорот на теливизија соопштил дека заради пандемијата „ неопходно” е референдумот да се одложи, без да го каже датумот кога тој ќе може да се одржи. Тој на Русите им препорача да останат во своите домови за да ги избегнат конактите со вирусот.

Путин (67), наведува ДПА, веќе две децении е претседател или премиер на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот