Путин го одликува Ким Џонг-ун по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин го одликува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Пјонгјанг.

– Воениот медал Ким го доби поради улогата во зачувување на сеќавањето на советските војници, кои загинаа на севернокорејска територија, се наведува во соопштението на Руската амбасада.

Рускиот амбасадор Александар Мацегора медалот го врачи на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Сон-гвон, додека Ким не присуствуваше на церемонијата.

На фотографиите од средбата во Пјонјанг се гледа како севернокорејските и руските претставници носат маски, иако Северна Кореја досега не пријавила ниту еден случај на зараза со Ковид-19.

Русија минатата година го покани Ким да ја посети Москва на 9 мај и да присуствува на воената парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Парадата минатиот месец е откажана поради пандемијата со новиот коронавирус. Севернокорејскиот лидер и пред пет години беше поканет да присуствува на парадата во Москва, но тој одби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот