Путин го одби повикот на парламентот: Нема да и наметне санкции на Грузија

Фото:ЕПА

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска го одби повикот на парламентот да и наметне санкции против Грузија, истакнувајќи дека треба да се работи на подобрување на влошените односи.

Москва ги критикуваше во изминатите денови антируските протести во Грузија и вчера го осуди непримерниот говор против Путин на грузиска телевизиска емисија.

Кремљ претходно реагираше на настаните со забрана на патничките летови меѓу двете земји, поради што на грузискиот туризам му се закануваат големи штети имајќи предвид дека над милион Руси секоја година ја посетуваат таа земја.

Путин објасни дека нема да поддржи санкции и дека сака да ги поправи, а не да ги влоши врските со поранешната советска република.

– За повторно да можеме да ги вратиме целосните врски, нема ништо да направам што би ги искомплицирало нашите односи, од почит кон грузискиот народ –  кажа Путин во Екатерининбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот