Путин го одбележа Денот на единството од Крим, Украина бесна

Обраќање на рускиот претседател Владимир Путин од Крим/ Фото EPA-EFE/MIKHAIL METZEL /

Рускиот претседател Владимир Путин го одбележа Денот на единството со посета на анектираниот Крим, по што следеа остри критики од Украина.

Говорејќи во Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, Путин рече дека градот Крим „сега и засекогаш е со Русија“, пренесува Ројтерс.

Украина, од која Русија го окупираше полуостровот во 2014-та година, ја осуди посетата како „чисто кршење на украинскиот суверенитет“ и меѓународното право.

Празникот се одбележува од 2004 година

Денот на единството е празник создаден од администрацијата на Путин во 2004 година за да го замени Денот на комунизмот на Октомвриската револуција, за време на кој тенкови и војници обично парадираа низ Црвениот плоштад во Москва.

Поради анексијата на Крим, западните земји воведоа санкции кон Русија, додека популарноста на Путин во Русија се зголеми.

Во текот на изминатите седум години, Путин неколку пати го посети Крим, секој пат критикуван од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот