Путин го обвини Западот: Своите грешки ги пренесуваат на целиот свет

Владимир Путин
Владимир Путин /Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

По денешниот виртуелен самит, земјите од меѓународната политичка организација БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ги поддржаа разговорите меѓу Русија и Украина, се наведува на веб-страницата на Кремљ, а пренесе хрватски „Индекс“.

Русија се насочи кон партнерите во БРИКС за да ги замени трговските врски кои беа нарушени поради западните санкции, наметнати поради инвазијата на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на посилна соработка меѓу земјите од БРИКС, додека Западот го обвини дека предизвикува криза со санкциите.

„Само врз основа на искрена и заемно корисна соработка можеме да бараме начини за излез од кризната ситуација која се разви во глобалната економија поради непромислените и себични постапки на одделни земји“, рече Путин.

Рускиот претседател го обвини Западот дека „користи финансиски механизми“ за „да ги пренесе сопствените грешки во макроекономската политика на целиот свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот