Путин го цитираше Куранот, Ердоган и Рохани се смееја (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Путин го цитираше Куранот, Ердоган и Рохани се смееја (ВИДЕО)

Путин ја цитираше Светата книга Куранот, што предизвика смеење во салата.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на заедничка прес конференција со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани, ја цитираше Светата книга Куранот, што предизвика смеење во салата.

Говорејќи за војната што се одвива во Јемен, Путин рече дека Турците треба да се потсетат на добрата на Алах.

– Запомнете го доброто што ви го направи Алах на вас – кога вие бевте непријатели и Тој ги обедини вашите срца и станавте браќа, според Неговата волја – рече Путин, додека како што се гледа во видеото, публиката што го слуша изгледа многу ентузиазмирана.

Ова изјава се чини дека ги „изненади“ неговите двајца колеги, кои се гледаат како се смеат. Дури и покрај Ердоган и Рохани, се гледа како се смеат и други функционери присутни на конференцијата, пишува весникот „Метро“.

Меѓу другото, Путин зборуваше и за проблемите во Саудиска Арабија, повторно повикувајќи се на Светата книга Куранот.

– Куранот вели дека какво било насилство е неприфатливо, освен едно насилство кога вие го браните својот народ. Ние сме подготвени да го браниме народот, подготвени сме да и помогнеме на Саудиска Арабија за да го заштитиме нејзиниот народ – рече Путин, пренесува Експрес.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close