Путин: Гледаме закрепнување во голем број сектори

Владимир Путин/ EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Руската економија започна да се опоравува во голем број сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за економски прашања.

– Навистина, гледаме закрепнување во голем број сектори- рече Путин, наведувајќи ја како пример динамиката на производството штое приближно до нивото од минатата година во август-септември, објави агенцијата ТАСС.

Тој рече дека е слична состојбата и со сообраќајот на железнички товар, при што домашните испораки бележат благ пораст.

– Сепак, економијата сè уште не е свртена кон одржлив долгорочен раст, заклучи Путин. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот