Путин ги смени клучните генерали: Големи кадровски потреси во руската врховна команда

Путин и руски генерали EPA PHOTO EPA/YURI KOCHETKOV

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина, во кој се наведува дека Русија „многу веројатно“ сменила неколку генерали од клучните командни позиции кои досега ги извршуваа во војната во Украина .

„Од почетокот на јуни, руската висока команда многу веројатно отстрани неколку генерали од клучните оперативни командни улоги во војната во Украина“, соопшти Министерството за одбрана во Лондон.

 

Генерал Андреј Седјуков EPA-EFE/STR

Во извештајот се наведува дека се сменети командантот на воздухопловните сили (ВДВ), генерал полковник Андреј Сердјуков и командантот на групата Јужна армија (СГФ), генерал Александар Дворников. Британското разузнавање вели дека Дворников веројатно бил генерален оперативен командант на инвазивните сили во одреден момент.

Александар Дворников/ Фото Erik Romanenko / TASS / Profimedia

Украинската команда им нареди на своите сили да се повлечат од бојното поле во градот Северодонецк по неколкунеделни жестоки улични борби за да се намалат жртвите и да им се дозволи на своите единици да се прегрупираат, се додава во соопштението.

Фото : Profimedia – Од лево Владимир Путин, генералниот командант на Руската морнарица, Николај Јевменов и генерал Александар Дворников /Alexei Druzhinin

На крајот, се вели дека командата на јужната армја СГФ најверојатно ќе биде префрлена на генерал-полковник Сергеј Суровикин, бидејќи СГФ продолжува да игра голема улога меѓу руските сили кои ја спроведуваат офанзивата во Донбас. Повеќе од триесетгодишната кариера на Суровикин е полна со обвинувања за корупција и бруталност, наведува британското Министерство за одбрана.

 

Во извештајот се наведува и дека Украина најверојатно ќе ја реконфигурира одбраната на секторот Северодонецк-Лисичанск, додека руските оклопни единици продолжуваат да напредуваат на јужната линија на секторот, се наведува во извештајот.

;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот