Путин ги повика министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Москва

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседателот Владимир Путин ги повика денеска во Москва министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, на разговори за надминување на ситуацијата во Нагорно-Карабах, го пренесоа руските медиуми соопштението на Кремљ.

Тасс јавува дека поканата, според Кремљ, уследи по разговорите меѓу лидерите на трите земји.

„По серијата телефонски разговори меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашинијан, рускиот претседател Владимир Путин повика на запирање на воените акции во конфликтот во Нагорно Карабах”, се наведува во соопштението на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот