Годишно обраќање на Путин/ Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Путин ги пофали напорите на Египет во однос на договорот меѓу Израел и Хамас

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и неговиот руски колега Владимир Путин разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток во телефонски разговор, со фокус на Појасот Газа, соопшти портпаролот на египетското претседателство Мохамед ал Шинауи, пренесува Танјуг.

Ал Сиси ги претстави напорите на Египет од почетокот на конфликтот во Газа во партнерство со Катар и САД за постигнување договор за прекин на огнот меѓу палестинското движење Хамас и Израел, што е клучно за регионалната стабилност. Тој, исто така, ги истакна тековните напори за да се обезбеди спроведување на договорот и да се обезбеди пристап до хуманитарна помош за енклавата.

Рускиот претседател, од своја страна, ја изрази својата висока благодарност за напорите на Египет да постигне договор меѓу Хамас и Израел и неговиот придонес за стабилноста во регионот.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија, при што ја истакнале потребата од зачувување на единството и територијалниот интегритет на земјата.

Меѓу темите на разговор беа настаните во Либан, Судан, Либија, како и тековната војна во Украина.

Ал Сиси и Путин разговараа и за можностите за зајакнување на билатералните односи во областите од заемен интерес, особено во однос на проектот за создавање руска индустриска зона во економската зона на Суецкиот канал и првата египетска нуклеарна централа Дабаа на Средоземното Море, која ја гради руската државна компанија Росатом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот