Путин, Ердоган и Рохани во понеделник ќе одржат состанок за Сирија
Претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани, во понеделник во Анкара ќе одржат состанок на кој ќе ја разгледаат ситуацијата во сирискиот регион Идлиб, соопшти денеска турскиот претседател за националната телевизија НТВ.
– Идлиб ќе биде во центарот на внимението на трилатералниот самит во Анкара. Ќе размениме мислења за различните точки на гледање за решавање на ситуацијата и за борбата против тероризмот, рече Ердоган, пренесе Тасс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека рускиот претседател ќе учествува на состанокот на мировниот процес во Анкара и барањето решение за сириското прашање.
Гарантите на процесот од Астана – Русија, Турција и Иран, првиот состанок го одржаа во Сочи во 2017 година, по што шефовите на трите држави соопштија дека договореното формирање на четирите зони за деескалација нема да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија и ги повикаа сириската власт и опозиција да учествуваат во разговорите. Потоа беа оддржани уште три вакви средби.