Путин: Елтон Џон погрешно ги сфаќа правата на ЛГБТИ заедницата

Фото: Профимедиа

Иако смета дека е музички гениј, Владимир Путин тврди дека Елтон Џон многу погрешно ги разбира правата на ЛГБТИ заедницата во Русија.

Британскиот пејач во петокот соопшти дека е длабоко вознемирен поради коментарот на Путин дека политиката што го признава мултикултурализмот и родовата различност во општеството е застарена и дека повеќето луѓе во западните земји ги отфрлаат таквите либерални вредности. Тој своите реакции ги објави на своите социјални мрежи.

Путин пак, е сигурен дека познатиот пејач е во заблуда. Според него, Русија има неутрален и релаксиран став кон ЛГБТ, но дека смета дека во тоа треба да бидат вклучени само возразни лица, а децата да бидат целосно изземени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот