Путин е за, доколку дојде до мировни преговори со Украина, но само во „неутралната“ Словачка
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е отворен за мировни преговори со Украина во Словачка „ако дојде до тоа“.
Скај њуз објави дека словачкиот премиер Роберт Фицо, кој го посети Кремљ оваа недела, понудил разговори во неговата земја бидејќи војната во Украина се приближува на третата годишнина.
Путин рече дека словачките власти „со задоволство би се погрижиле нивната земја да биде платформа за преговори“.
– Не сме против, ако дојде до тоа. Зошто да не? Со оглед на тоа дека Словачка застапува таква неутрална позиција – рече Путин.
Медиумите пренесуваат дека Путин е решен да стави крај на конфликтот во Украина, кој започна со руската копнена, воздушна и поморска инвазија на нејзиниот помал сосед во февруари 2022 година.
Ројтерс наведува дека Словачка се смета за една од земјите во растечката група на земји-членки на ЕУ од Централна и Источна Европа, кои се скептични за поддршката на Украина и се за преговорите на Киев со Русија.
Путин и претходно изјавуваше дека Русија е отворена за разговори за прекин на конфликтот со Киев, но и дека сигурно ќе ги постигне целите што си ги постави во Украина.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно ги посети Киев и Москва во обид да посредува во преговорите за ставање крај на војната, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја понуди својата земја како место за средба на двете завојувани страни.
Украинските власти засега не ги коментираат наводите дека Путин би преговарал единствено во Словачка, со посртедство на словачкиот премиер Роберт Фицо