Путин донесе нова наредба – приоритет е да се возврати на ударите на руска територија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, реагираше на ударите на територијата на Русија кои дојдоа од Украина и ѝ нареди на својата армија да одговори на тие напади како приоритет.
Путин ова го изјави за време на владиниот состанок за реконструкција на уништените станбени згради и инфраструктура во регионите на југозападна Русија.
„Се разбира, приоритетна задача е да се елиминира самата можност за гранатирање, но тоа е работа на воениот оддел“, рече Путин.
Тој додаде дека руските региони Белгород, Бријанск и Курск, како и Крим, кој Русија го зазеде од Украина и го анектираше во 2014 година, се области каде станбени згради биле оштетени или уништени.
„Многу луѓе се најдоа во тешка ситуација, ги загубија своите домови, беа принудени да се преселат кај роднини или во привремени места на живеење, се соочија со прекини во снабдувањето со вода, греење и струја“, рече тој.
Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите, таа ги опиша како карма за руската инвазија. Во нападите во јужна Русија најмногу беа вклучени воени цели како што се електрични трафостаници и складишта за оружје и гориво.
Кремљ соопшти дека ракетите со подолг дострел, наводно вклучени во претстојниот пакет американска воена помош за Украина, ќе го ескалира конфликтот, но нема да го сменат неговиот курс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така изјави за новинарите дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател Путин и американскиот претседател Џо Бајден.