Путин до Помпео: Сакаме целосно да се обноват американско-руските односи

Фото: EPA

На заедничката средба во Сочи, помеѓу претседателот Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео, рускиот лидер истакна дека сака повторно да воспостават „целосни односи со САД“ и покрај многубројните точки на несоглсаување меѓу двете земји.

„Имам впечаток дека претседателот на САД е за обновување на контактите меѓу Русија и САД. Од наша страна ние повеќе пати сме рекле дека сакаме повторно да воспоставиме целосни односи“, рече Путин,

Путин на средбата, исто така го поздрави и  „позитивниот извештај’ на специјалниот американски советник Роберт Мулер, во врска со тоа дали имало дослух меѓу Трамп и Москва за време на претседателската кампања во Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот