Путин до офицерите: Новото руско оружје е без конкуренција

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес рече дека новото руско оружје нема да има конкуренција во светот, но и дека Русија нема никому да се заканува.

Зборувајќи на состанокот со високи воени претставници и официри, Путин навел дека ниту една друга земја хиперсонични, ласерски и други оружја на новата генерација која ги нарачала руската војска, но и додаде дека „тоа не е причина да се заканува некому“.

Според неговите зборови, новите системи на оружје се прават исклучиво „за да се осигури безбедноста на Русија од новите закани“, а Русија и понатаму ќе продолжи да работи на контролата за вооружување.

Односите на Русија и Западот паднаа на најниско ниво уште од времето на Студената војна поради судирот во Украина и други спорни точки.

Путин во 2018 година најави цела серија на ново оружје, вклучувајќи и хиперсонична едрилица, нуклеарен подводен дрон и крстосувачки ракети на нуклеарен погон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот