Путин би прифатил разговори со Шолц, вели Песков

Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Засега нема договорени разговори со Шолц. Путин беше и останува отворен за контакти”, рече Песков.

Берлин минатата недела соопшти дека ќе испрати 14 од своите тенкови „Леопард 2″ во Киев и дека дозволува сојузничките европски земји да испратат тенкови од германско производство во Украина.

Во интервју за германскиот дневен весник Тагешпигел, објавено денеска, Шолц вели дека „исто така сака да разговара со Путин бидејќи тоа е неопходно”.

„Одговорност на Путин е да ги повлече војниците од Украина за да стави крај на оваа ужасна, бесмислена војна која веќе чини стотици илјади животи”, рече Шолц.

Путин и Шолц последен пат разговараа телефонски на почетокот на декември. Рускиот лидер тогаш рече дека германската и западната линија кон Украина е „деструктивна” и го повика Берлин да го преиспита својот пристап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот