Путин бара Иран да го одложи нападот на Израел и се нуди да посредува

Знаме на Русија, Иран и Израел со Хамас / Фото Слободен печат

Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до лидерите на Иран во кое ги замоли да се воздржат од воена акција против Израел додека тој се обидува да посредува меѓу двете земји, според извори запознаени за ова прашање.

Писмото беше рачно доставено од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој вчера пристигна во Техеран.

Шојгу треба да се сретне со секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Акбар Ахмадијан, и со началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Мохамад Багери.

Во агендата на Шојгу е предвидена и средбата со  новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан, објави новинската агенција Интерфакс.

Иран  се закани  дека ќе му се одмазди на Израел за атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, што нашироко им се припишува на разузнавачките служби на Еврејската држава. Израел не даде официјален коментар за убиството.

ФОТО: Протести во Техеран поротив Израел по убиството на Исмаил Ханије / EPA-EFE/OSAMAH YAHYA

 

Ханије, кој присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански  претседател Пезешкијан. загина во експлозија во безбедна гостинска куќа за странски достоинственици, во околности кои засега остануваат  необјаснети.

Неколку часа претходно, во израелски воздушен напад беше убиен командантот на Хезболах, Фуад Шукр, близок ирански сојузник. Корпусот на револуционерната гарда на Иран се закани  дека ќе го казни Израел  „во соодветно време, место и начин“.

Според Њујорк тајмс, иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, им наредил на иранските вооружени сили да го нападнат Израел како одмазда за атентатот на Ханије.

Има широко распространети шпекулации за можни ирански дејства, како и за потенцијалниот одговор на Израел. На 13 април, Иран лансираше над 300 проектили кон Израел. Речиси сите беа соборени од комбинација на израелска и американска противвоздушна одбрана.

Можната улога на Русија во конфликтот меѓу Израел и Иран останува отворено прашање. Агенцијата Ројтерс на 6 август објави дека Путин побарал од Иран да избегне цивилни жртви при секоја потенцијална воена акција врз Израел.

Сергеј Шојгу/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Истиот извор пренесе и дека  Шојгу оваа порака ја пренел во Техеран. Иран пак побарал од Русија да ѝ продаде ловци Су-35, еден од најнапредните руски авиони. Нема извештаи за руски одговор на барањето, пренесе Ројтерс.

„Њујорк тајмс“ на 5 август објави дека Русија испраќа системи за противвоздушна одбрана во Иран, без да прецизира за кои системи станува збор. Според руски извори, Русија нема оружје  поради  нејзината  операција во Украина, и веројатно нема да  може да му го  обезбеди својот најдобар систем  за противвоздушна одбрана на Иран.

Западните медиуми пренесоа и дека  Иран го разгледал предлогот на Путин, но побарал високотехнолошко руско оружје како дел од зделката – конкретно, рускиот систем за воздушна одбрана С-400, кој има дострел до 400 километри и капацитет за следење на повеќе цели.

Иран во моментов поседува  руски систем С-300 од 2016 година.

Руски ракетен систем с 400 EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Израел во моментов  одржува блиска комуникација со Русија, советувајќи ги руските сили во Сирија за илјадници напади против „милициите“ кои се сојузници на Иран. Русија ја прекина својата воздушна одбрана и му дозволи на Израел да дејствува непречено.

Војната во Украина го стави Израел во ќор-сокак: не сака да застане на погрешната страна на Русија обезбедувајќи воена поддршка за Украина.

САД побараа од Израел да продаде до осум ракетни системи „Патриот“ на Украина,  за што во моментов се преговара.

Ракетниот  систем „Патриот“ е особено важен за Украина, како единствена достапна одбрана против руските авиони кои лансираат  бомби на домет од околу 60 километри.

Доколку  Путин му помогне на Израел да ги смири тензиите со Иран, тој со сигурност ќе бара од Израел некаква контра услуга.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот