Путин: Ако САД употребат сила против Иран ќе се случи катастрофа

Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди САД да не употребуваат сила против Иран, бидејќи тоа, како што вели тој, би имало катастрофални последици.

– Американските воени ацкии против Иран во најмала рака би биле катастрофа за регионот – изјавил Путин, додавајќи дека тоа би предизвикало ескалација со непредвидливи резултати.

Путин истакнал дека Иран ги почитува условите од нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на САД, додавајќи дека санкциите на САД против Иран немаат основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот