Путин: Ако Русија го напушти Советот на Европа или ОБСЕ, тоа ќе го сторат и други земји

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY / POOL

Повлекувањето на Русија од Советот на Европа или од ОБСЕ може да доведе до прекин на учеството на други земји во овие организации, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај”.

– Ве уверувам дека ако Русија се повлече од една од овие организации (Советот на Европа или ОБСЕ), тогаш ќе видиме што ќе се случи со тие организации во однос на учеството и на други земји, истакна Путин.

Извор: МИА