Путер од какао: Најчистиот природен производ што има широка примена

pixabay

Путерот од какао се добива од пресување на зрна од какао, а со илјадници години се смета за природна чиста маст, која е многу корисна за човечкото здравје и убавината. Денес има широка примена како во козметичката индустрија, така и во кулинарството, слаткарството итн.

Овој природен цврст растителен путер содржи високи количини антиоксиданси, кои не дозволуваат да се расипе или да смени мирис и вкус, и му го продолжуваат рокот на траење. Ако правилно се чува, путерот од какао може да трае од две до пет години.

Претставува апсолутно чист производ, без какви било хемиски и други додатоци, поради што не е потребно да се пречистува дополнително.

pixabay

Не го зголемува холестеролот

Путерот од какао се смета за еден од најстабилните путери. Има нежна и мазна конзистенција и уште попријатна арома на какао, која им е омилена на многумина. Бојата му е кремаста и лесно може да се дробат и крупни парчиња. Иако какао-путерот е помалку познат од какаото во прав, тоа не значи дека е помалку корисен производ.

Тој се користи во козметологијата за производи за сончање, балсами, млека за тела, сапуни и кремови. А во фармацијата се користи за правење супозитории.

Плодовите од какао се големи и имаат елиптична форма, со тежина до 500 грама, а внатре има од 16 до 60 семки од какао, кои наликуваат на зрна грав, поради што некогаш може да се најдат и под називот „грав од какао“. Во него има висок процент масло, што во суштина е какао-путер.

pixabay

Во зрната од какао откриени се над 300 состојки, како флавоноиди, витамин Е, витамини од групата Б, железо, цинк, калиум, калциум, полифеноли и многу антиоксиданси. А најголемо богатство се многуте масни киселини – стеаринска, олеинска, палмитинска, линоленска и други заситени масни киселини. Мастите што ги содржи путерот од какао не се штетни и не го зголемуваат нивото на
холестерол во крвта.

Не го загревајте на висока температура

Освен во слаткарството, каде што се користи за подготовка на производи од чоколадо, путерот од какао се додава во домашни пијалаци и десерти. Се додава во напивки со млеко, сладолед, кафе, мед, јаткасти плодови и сушено овошје.

Важен услов е при термичка обработка да не се загрее на повеќе од 35-40 степени, бидејќи така се чуваат неговите корисни материи.

Путерот од какао не дебелее само ако се консумира разумна количина квалитетно чоколадо, што е 40 грама на ден. Најмногу го има во темни и црни чоколади, кои се препорачани за исхрана.

Голема предност на путерот од какао е што е добар за кожата и нејзиното здравјеи заштита. Ако ја мачкате кожата со какао-путер пред сончање, ќе добиете воедначен тен. Докажано ја регенерира и хидрира кожата, што ја прави мазна и мека. Има обновувачко дејство бидејќи го надоместува недостигот на минерали и витамини во кожата, давајќи ѝ еластичност. Одличен е за проблеми со стрии и
брчки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот