Пусиќ: На Самитот ЕУ – Западен Балкан не е исполнето ниту едно очекување од регионот

Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама на самитот ЕУ - Западен Балкан / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ денеска изрази разочарување од резултатите на самитот ЕУ – Западен Балкан и изјави дека „ниту едно од очекувањата на земјите од регионот не е исполнето“.

„Резултати од Самитот: кандидатски статус за Босна и Херцеговина – не; почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија – не; забрзување на процесот за Црна Гора – не; визна либерализација за Косово – не; да се опкружи Србија со успеси, да се движи кон ЕУ – не“, напиша Пусиќ на Твитер.

На крајот прашува: – Што сега?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот