Пуштено во употреба ново мултифункционално игралиште во Триангла

Фото: Општина Гази Баба

Жителите на Општина Гази Баба добија ново мултифункционалното игралиште, лоцирано во Триангла-Маџари.

„Го пуштивме во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари – Триангла изградено на најсовремена тартан подлога. Ова е првото од вкупно седум игралишта кои ќе се изградат на територија на општина Гази Баба од кои пет ќе бидат со современа тартан подлога, а две со подлога од вештачка трева. Инвестираме во спортската инфраструктура како никогаш досега. Проекти се реализираат насекаде низ општина Гази Баба“, рече на отворањето градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот