Пуштени во продажба влезниците за ЕП 2022, навивајте за ракометарите за само 14 евра

Македонија на ЕП ќе игра во унгарскиот град Дебрецен/Фото: facebook.com/rfmofficial

Организаторите на Европското првенство во ракомет кое ќе се игра идната година, Унгарија и Австрија денеска и официјално ги пуштија во продажба влезниците.
Македонската репрезентација се наоѓа во групата А заедно со уште Словенија, Данска и Црна Гора, а натпреварите ќе се играат во салата „Феникс Хол“ салата во Дебрецин.

Во првиот натпревар, ракометарите ќе играат против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, а избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров настапите во групната фаза ќе ги завршат на 17 јануари против Данска.

Цената за дневен билет, односно влезница со која гледачот ќе може да ги проследи двата натпревари во тој ден изнесува 14 евра. Ова е најевтината цена на дневен билет, а останатите се продаваат за 33 евра и тоа е влезница од прва категорија, а ВИП влезнивата се продава за 89 евра.
Наевтиниот групен билет за следење на натпеварите во сите три кола изнесува 37 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот