Пуштени се субвенциите за електрични тротинети и велосипеди

Град Скопје денеска распиша два јавни повици, Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите жители на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.

За повеќе информации и како да аплицирате за субвенциите за електричниот тротинет видете тука.

Градот Скопје го објави и вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, со кои се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27.05.2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За повеќе информации и како да аплицирате за субвенциите за велосипед видете тука.

За потсетување, минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот