Пуштени се субвенциите за електрични тротинети и велосипеди – Слободен печат
ВестиСкопје

Пуштени се субвенциите за електрични тротинети и велосипеди

Минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции

Град Скопје денеска распиша два јавни повици, Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите жители на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.

За повеќе информации и како да аплицирате за субвенциите за електричниот тротинет видете тука.

Градот Скопје го објави и вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, со кои се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27.05.2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За повеќе информации и како да аплицирате за субвенциите за велосипед видете тука.

За потсетување, минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. Тротинет во Скопје, па уште и електрилен = рецепт како да загинеш, ем да унесреќиш некој шофер ни крив ни должен!
    – Кој сака да вози вакво возило МОРА да има возачка дозвола макар специјална – за тротинет.
    Девојченца а и батковци, уживаат да возат среде улица или од лева страна, на останатите возачи да им излегуваат точно пред нос, или да им излетаат како куршум на пешачки, ем да се бунат дека не била дедена предност како на пешак!?! – Исто како некој со кола да помунува преку тротоар накај дома и да бара сите точаци и пешаци по тротоарот за застанат за да помине колата (демек обратен случај).
    Со прости зборови, во Скопје и СМакедонија нема можност ни наједноставен сообраќај да тече нормално, не па да дотуриш уште и тротинети, разни полуучени што ги рекламираат. Видела жабата тураат потковица на атот, па и таа дигнала крак – ќе глумиме Париз. Ама у Париз фрчат казни и се наплаќаат за една недела. Кога ќе им речеш дека си од Македонија, одма им паѓа на памет Бурунди или Лесото. И со право.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close