Пуштен времено во функција граничниот премин Стрезимир-Рестелица - Слободен печат

Пуштен времено во функција граничниот премин Стрезимир-Рестелица

Граничниот премин Стрезимир-Рестелица денеска е пуштен во функција и ќе може да се користи времено до 20 август годинава за туристички цели.

Како што соопшти МВР, на почетокот на временото функционирање на овој граничен премин присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот министер Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската полиција Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Паљ Лекај.

Министрите остварија средба и со жителите на општината Брод во Косово и ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји, како и решеноста да се подoбрат условите за живот за жителите од овие места, стои во соопштението.

Прочитајте и...  Спасовски: Делото на Свети Сава инспирира и осум века по неговата смрт

Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 22 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на останатите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).

– Овој граничен премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете држави како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен – велат од Општина Маврово и Ростуше.

Со залагање на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, преминот што подолг период воопшто не функционираше, беше отворен минатата година од 18 до 20 август. Тогаш беше ветено дека како општина ќе продолжат со активно лобирање за постојано функционирање на овој граничен премин.

Прочитајте и...  Богдановиќ: Во стариот ДУП за Треска е предвиден станбен и деловен комплекс

Преминот Стрезимир-Рестилица , како привремен официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето меѓу Македонија-Албанија и Косово, можеа да минуваат само жителите од пограничиот појас од 25 километри и тоа со посебни дозволи. Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповест, познати како Горани.

Прочитајте и...  Таравари: Нема договор за постигнување трипартитна коалиција

Прочитај повеќе

Македонија обвиена во магла (ФОТО)

Слободен печат

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Слободен печат

Претставници на НАкС на средба со Адеми во МОН

Слободен печат

Продолжува потрагата по вториот пилот на урнатиот хеликоптер во Хрватска

Слободен печат

Андоновиќ: Неизвесна изборна година за државите од поранешна СФРЈ

Слободен печат

Двајца пилоти загинаа при пад на воен авион во Алжир

Слободен печат

Остави Коментар

two × 3 =

Прочитај повеќе

Скопската вода е безбедна за пиење

Слободен печат

Парламентарните избори на Нов Зеланд ќе се одржат на 19 септември

Слободен печат

Дескоска: Очекувам законот за ЈО да се донесе пред распуштањето на парламентот

Слободен печат

БРОЈОТ НА ЖРТВИ РАСТЕ: Од коронавирусот во Кина починаа 106 лица, заразени околу 4.500

Слободен печат

Цацановски: Социјалниот центар „Дуња“ промовира солидарност и вредности што се потиснати во општеството

Слободен печат

Белгиски универзитет развива вакцина против коронавирусот

Слободен печат