Пуштен на слобода директорот на нуклеарната централа Запорожје

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русија, Ихор Мурашов, е ослободен, соопшти шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси. Тој го поздрави ослободувањето на Мурашов, велејќи на Твитер дека добил потврда оти „безбедно се вратил кај своето семејство.

Меѓународната агенција за атомска енергија побара ослободување на Мурашов во текот на викендот по извештаите дека бил киднапиран од руска воена патрола додека патувал помеѓу фабриката и градот Енерходар. Остана нејасно за што бил приведен Мурашов. Руските власти не го коментираа неговото апсење. Нуклеарката и нејзината околина се под контрола на руските сили од март, но со нив управува украински персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот