Пушкин знаел како да се справи со жените, но судбината го казнила да се ожени со онаа која не смеел да ја земе

Александар Сергеевич Пушкин / Фото: Wikimedia Commons

Александар Сергеевич Пушкин, кој е роден на денешен ден во 1799 година, важи за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература, пишува „Стил“.

Пушкин останал рано без родителската грижа и бил воспитуван во кругот на семејството, здобивајќи се со љубов кон книжевноста и учејќи го францускиот јазик од домашните учители. Неговата баба му раскажувала многу руски бајки и песни, а француската книжевност и делата од Франсоа Волтер, Дени Дидро и Жан Жак Русо имале најголемо влијание врз него. Пушкин почнал да се школува во елитната гимназија во Царското село во 1811 година и таму останал до 1817 година.

Својата прва песна ја објавил на петнаесетгодишна возраст, уште додека бил ученик, во списанието „Европски гласник“. Потоа почнал да го пишува своето прво големо дело „Руслан и Људмила“, кое било објавено во 1820 година. Тоа дело е засновано на бајки кои му ги раскажувала неговата баба. Неговиот талент веднаш беше препознаен од книжевните кругови.

Веќе на осумнаесетгодишна возраст, Пушкин живеел модерен живот и се облекувал многу смело, според најновата мода. По завршувањето на училиштето, се вработил во Министерството за внатрешни работи во Санкт Петербург. Бидејќи сакал да пишува саркастични и исмејувачки стихови, упатени до сите, особено до царот, на 21 година бил протеран во јужна Русија, каде што останал шест години. Неговите револуционерни песни биле цензурирани и забранети.

Само неколку дена по заминувањето, шетајќи по брегот на Днепар, Пушкин помислил да се самоубие со скок во реката. Потоа, тој тешко се разболел. По долгото лекување, отишол во Кавказ, каде ги запознал четирите ќерки на генералот РајевскиКатерина, Марија, Јелена и Софија. Тие биле негова инспирација за многу познати дела.

Александар Сергеевич Пушкин / Фото: Wikimedia Commons

Потоа заминал во Одеса, каде што живеел една година и започнал љубовна врска со мажената жена, Каролина. Поради љубовното писмо кое ѝ го напишал, тој бил протеран на селскиот имот на неговата мајка во 1824 година. Во мирот и тишината на селото, Пуштин го напишал своето најубаво дело – „Евгениј Онегин“. Инспирација за да го напише овој роман во стихови добил од Ана Керн, жена што ја запознал во Санкт Петербург, која била во брак со постар генерал. Тој за неа напишал: „Како е дозволено некој да биде толку убав?“. Во својот роман, објавен во 1832 година, тој ја опишал таа несреќна љубов меѓу двајца луѓе.

Пушкин се вратил во Санкт Петербург во 1826 година и ја продолжил својата работа. Потоа ја запознал Наталија Гончарева, со која се оженил во 1830 година. Од сите жени кои го маѓепсале, убавата и разгалена Наталија успеала да го врзе за себе. Со неа имал четири деца и ги издржувал нејзините две сестри. Набрзо сфатил дека се оженил со кокетна и необразована жена, која не читала книги. Неговите маки со текот на времето се зголемувале и повеќе не можел финансиски да ги издржува.

Во 1837 година, во градот пристигнал францускиот емигрант Жорж Дантес, кој отворено ја заведувал Наталија, а Пушкин го исмејувал. Писателот му закажал двобој на 8 февруари. Тие се сретнале во зори и Дантес прв пукал, погодувајќи го Пушкин во стомакот.

Во двобојот бил повреден и Дантес, но Пушкин бил тешко ранет и умрел во својот дом, два дена подоцна – на 10 февруари. Кога докторот го прашал дали сака да ги види пријателите, Пушкин одговорил: „Збогум пријатели мои“, покажувајќи кон книгите во неговата библиотека.

Владата се плашела од политичка демонстрација на неговиот погреб и затоа тој се одвивал само во присуство на неговите најблиски роднини и пријатели. Неговото тело било кремирано тајно на полноќ и било закопано на имотот на неговата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот