Пушачите најверојатно успешно ќе се откажат од цигари доколку живеат во близина на зелени површини

unsplash
unsplash

Новите истражувања сугерираат дека луѓето кои пушат цигари, најверојатно успешно ќе се откажат од „лошата“ навика ако живеат во близина на зелени површини. Научниците откриле и дека оние кои живеат во населби во кои има повеќе дрвја имаат помала веројатност да почнат да пушат цигари.

unsplash

Истражувањето, објавено во списанието „Social Sience & Medicine“ се заснова на податоци од истражување спроведено во Англија во кое учествувале повеќе од 8.000 возрасни лица.

Оваа студија е прва што ја испитува поврзаноста помеѓу зелениот простор и пушачките навики во Англија“, изјави Лин Мартин од Универзитетот во Плимут која воедно е главен автор на студијата.

unsplash

Истражувањата ја покажуваат потребата да се заштитат и да се инвестира во природните ресурси, како во урбаните така и во руралните заедници, со цел да се зголемат придобивките за јавното здравје“, вели таа.

Нашите откритија може да се препишат како интервенции засновани на природата за да им се помогне на лицата кои се обидуваат да се откажат од пушењето“, додава Лин.

unsplash

Претходни студии од истиот тим покажаа дека пристапот до зелени површини е поврзан со намалeна желба за алкохол и нездрава храна, како и подобра физичка и ментална благосостојба.

Меѓу оние кои учествуваа во истражувањето, 19% од испитаниците се изјасниле како моментални пушачи, додека речиси половина 45% изјавиле дека редовно пушеле во одреден период од животот.

unsplash

Анализата покажала дека луѓето што живеат во области со поголеми зелени површини имаат 20% помалку шанси да станат пушаци отколку оние кои живеат во области со помали зелени површини.

Меѓу оние кои пушеле во одреден период од животот, луѓето што живеат во позелени населби имале и до 12% поголема веројатност успешно да се откажат од пушењето.

unsplash

Ова истражување ја нагласува потребата од зачувување на постојните зелени површини и прошитување на развојот за нови“, вели д-р Метју Вајт, ко-автор на студијата, виш научник на Универзитетот во Виена и почесен вонреден професор на Универзитетот во Екстер.

Авторите на студијата велат дека подобрувањето на пристапот до зелени површини може да се смета за стратегија за јавното здравје.

unsplash

 

Во текот на последната деценија, пушењето останува катастрофално и глобално јавно здравствено прашање“, вели д-р Метју.

Како што истакнуваат истражувачите на оваа студија, владите ширум светот трошат милијарди секоја година во обид да го подобрат јавното здравје и да го намалат оптоварувањето на здравствените услуги.

unsplash

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот