Пула: Забрането сушење на алишта во јавност, казните достигнуваат и до 70 евра!

Денеска во Пула е донесена нова одлука, според која се забранува сушењето на алишта во јавност, а казните за овој прекршок се движат од 34 до 70 евра.

На овој начин, покрај градовите Риека, Шолта, Млет, Каштелите, Пула е уште еден  хрватски град каде што мештаните веќе нема да можат да ги сушат алиштата на јажето од прозорец до прозорец, односно на таканаречените тирамоли.

Оваа одлука ги вознемирува граѓаните на Пула, кои сушењето на облеката на тој начин гоо сметаат за традиција, јавуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот