Пукотници во Северна Митровица

Дваесет и двегодишно момче од српска националност, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Станува збор за Р. М. кој итно бил опериран но на Клиниката за хирургија во Северна Митровица и е во стабилна состојба.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти во изјава за медиумите го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот