Пукотница во Универзитет во Тексас: Две лица убиени, едно рането (ВИДЕО)

Универзитетот на студентите и вработените им упатил препорака да не излегуваат од своите простории, а часовите се откажани.

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница во еден универзитетски кампус во Тексас, соопшти полицијата.

Универзитетот A&M во Комерс, во сојузната држава Тексас, соопшти дека се слушнале три истрела од огнено оружје и дека две лица се убиени на лице место, додека третото е рането и пренесено во болница, пренесоа американските медиумите.

Универзитетот на студентите и вработените им упатил препорака да не излегуваат од своите простории, а часовите се откажани.

Американските медиуми наведуваат дека полицијата го блокирала универзитетот и дека засега не е познато дали се трага по напаѓачот.

Градот Комерс е одалечен околу 100 километри североисточно од Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот